29.11.2016

Соопштение за надградба на системи

 

Почитувани клиенти,

 

Ве известуваме дека поради надградба на информациониот систем на Стопанска банка АД - Скопје, филијалите во петок (02.12.2016) ќе работат до 17 часот и нема да работат во сабота (03.12.2016). Во горенаведениот период нема да се реализираат трансакции преку i-bank услугите: e-banking, m-banking и phone-banking.

 

На располагање остануваат банкоматите на Банката и терминалите во трговската мрежа. Ве молиме имајте ги предвид овие информации при планирање на вашите активности.


Ви благодариме на разбирањето и поддршката.

 

Стопанска банка АД – Скопје

На ваша страна