05.10.2012

Иновативна мобилна апликација од Стопанска Банка
 

Нов начин на користење на банкарските услуги


Стопанска банка АД – Скопје денес ја промовираше својата мобилна апликација која бесплатно е достапна за сите корисници на „паметни телефони“ на Android или i-phone платформа.


Мобилната апликација е резултат на технолошкиот развој на мобилните телефони кои се наше секојдневие и се повеќе претставуваат моќна алатка за модерниот човек. Покрај временските услови, најновите вести, социјалните мрежи сега и Банката е достапна на врв на прстите на вашиот мобилен телефон. Апликацијата ви нуди можност во секое време за проверка на локации и работно време на филијали, банкомати, трговци кај кои може да се плаќа на рати без камата, курсна листа, кредитни и депозитни производи, каматни стапки и калкулатори.

Дополнително, за првпат во Македонија може да се аплицира и за кредитен производ преку мобилната апликација но, најголемиот бенефит е m-banking сервисот кој овозможува клиентите да се најават со свои корисничко име и лозинка и да имаат постојан увид во сопствените сметки, картички, изводи, извештаи и други податоци во секое време.
Овој персонализиран однос на Банката кон своите клиенти веруваме дека ќе биде интересен за сите корисници, а уште повеќе интерес очекуваме да предизвика и планираното воведување на безбедни m-banking плаќања со што ќе се надополни i-bank портфолиото на алтернативни канали. Како и досега, сите наши иновации се фокусирани на крајниот корисник кој добива поголема слобода и канали за комуникација со Банката, но и олеснето управување со своите финансии.
Ги повикуваме сите заинтересирани лица да ја симнат апликацијата од Google Play Store и i-store и да ги искористат предностите на истата, но и да ни ги испратат своите впечатоци и препораки за подобрување.
 

 

Стопанска банка АД – Скопје
На ваша страна