Соопштение за корисници на услуги од банки и штедилници

 

Почитувани клиенти,

Во име на Здружението на банкарство при Стопанската Комора на Македонија, Ве информираме, дека согласно важечката законска регулатива во Република Македонија, сите банки/штедилници при воспоствување на деловен однос или вршење на трансакција спроведуваат идентификација, потврдување и ажурирање на идентитетот на клиентот.

Овој процес опфаќа идентификација и потврдување на идентитетот на клиентот физичко или правно лице преку соодветни валидни документи за нивна идентификација (важечка лична карта или пасош за физички лица и тековна состојба не постара од 6 месеци за правни лица) и пополнување Апликација за идентификација/ажурирање на клиент, која во идентична форма се употребува во секоја банка/штедилница. Податоците добиени од овој процес мора да се ажурираат на редовна основа, најмалкусекои 2 години.

Важечката законска регулатива во Република Македонија предвидува обврскасите банки и штедилници да ја ажурираат базата на своите постојни клиенти со валидни податоци за нивна лична идентификација најдоцна до мај 2012 година. Бидејќи потврдување и ажурирање на податоците за своите клиенти на овој начин го забавува редовното работење на шалтерите во банките и штедилниците и е обемна работа, која одзема време, а со цел исполнување на горенаведените законски обврски, Здружението на банкарство при Стопанската Комора на Македонија, донесе заклучок за поставување сопствен рок за спроведување на оваа акција за ажурирање на податоци (01.05.2011 година) и ги повикува сите физички и правни лица во РМ кои имаат отворено сметки во банките и штедилниците, да пристапат кон истите со цел ажурирање на нивните податоци.

Во насока на наведеното, најљубезно ги замолуваме и ги повикуваме, сите наши клиенти, физички и правни лица, соодветно да се идентификуваат во нивните банки и штедилници, односно истото да не го одложуваат и да го извршат при нивната наредна посета во банката/штедилницата и заклучно со 01.05.2011 да ги ажурираат своите податоци.

По истекот на наведениот рок, работењето со сметките не ќе може
непречено да се одвива, се до моментот на целосна идентификација и потврда на идентитетот на клиентот од страна на банката/штедилницата.

Банките и штедилниците ги бараат Вашите лични податоци и податоците за вашата трансакција, единствено со цел да ги почитуваат барањата на важечката законска регулатива, без можност и дискреционо право да постапат поинаку.

Воедно, сакаме да Ве известиме дека ажурирањето на овие податоци е и во Ваш интерес, бидејки банките и штедилниците ќе бидат во можност да донесат издржана одлука базирана на повеќе валидни информации и по однос на сите Ваши барања, ќе можат навремено и на точни адресни податоци да ги испраќаат месечните извештаи,соопштенијата и дополнителните материјали со кои се олеснува соработката, меѓу клиентите и нивната банка/штедилница.

Со почит,

ЗДРУЖЕНИЕ НА БАНКАРСТВО ПРИ СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА