15.11.2013

 

Вработените во Стопанска банка повторно ја покажаа својата хуманост

 

Како резултат на одличната соработка на Стопанска банка АД - Скопје и Црвениот крст на Република Македонија, а по повод Кампањата за „Денот на гладта“, на 12.11,2013 година, во просториите на Централата на Банката, општинската организација на Црвен крст Центар организираше хуманитарна собирна акција, на која вработените на Стопанска банка АД - Скопје донираа парични средства со кои Црвениот крст ќе подготви пакети со прехрамбени производи за семејства кои имаат потреба од хуманитарна помош.
 

Одзивот беше навистина голем, а вработените на Банката повторно ја истакнаа општествена одговорност и ја покажаа својата хуманост.

 

Стопанска банка АД - Скопје

На ваша страна