29.12.2016

 

Соопштение за јавност - Нови филијали

 

Почитувани клиенти,

 

На денот кога Стопанска банка АД – Скопје одбележува 72 години од основањето, со задоволство најавуваме дека нашата мрежа на филијали од денеска е збогатена со 2 нови членови. Имено, жителите на нас. Расадник и новиот дел на Ново Лисиче веќе од денес ќе можат да ги користат нашите банкарски услуги и финансиски совети во своето непосредно окружување.

Филијалите ќе имаат работно време од понеделник до петок: 08.30 до 16.00 часот а се наоѓаат на ул.1613 бр.2 населба Ново Лисиче и ул. Христо Татарчев бр.43 А локал 12 и локал 13, Расадник.

Со новите филијали Банката на своите клиенти им овозможува полесен пристап, подиректна соработка и секако заштеда на своето слободно време.

Повелете посетете ги и запознајте се со нашите колеги, вашите нови соседи.

 

Стопанска банка АД – Скопје

На ваша страна