15.12.2016

 

Соопштение за јавност - Акционерско собрание

 

Почитувани акционери и клиенти на Стопанска Банка АД Скопје,

 

Собранието на акционери на седницата одржана на 15.12.2016 година донесе Одлука за исплата на дивиденда на имателите на обични акции. Дивидендата ќе се исплаќа на сите иматели на обични акции со пресек во акционерската книга  на 26.12.2016, на трансакциски сметки во Стопанска Банка АД-Скопје. Со цел непречена исплата на дивидендата, се повикуваат сите иматели на обични акции кои  немаат трансакциска сметка во Стопанска Банка АД Скопје во денари, а  кои имаат право на дивиденда, да се обратат до која било филијала на Стопанска Банка АД-Скопје со цел да отворат трансакциска сметка, почнувајќи од 15.12.2016, за да може да располагаат со дивидендата по нејзината исплата, активност која согласно горенаведената Одлука ќе започне да се спроведува од 29.12.2016.

 

Истовремено се повикуваат и имателите на обични акции на Стопанска банка АД-Скопје, кои  се клиенти на Банката и  кои веќе имаат отворено трансакциски сметки во МКД да ги ажурираат своите податоци во филијалите на Банката, согласно регулативата, доколку истото не го направиле во минатите две години, со цел непречено располагање со нивните трансакциски сметки на кои ќе биде исплатена дивидендата.

 

Во очекување, остануваме

 

Со почит

 

Стопанска Банка АД - Скопје

На ваша страна