24.01.2011Соопштение за именување на нов член на Управниот одбор на Стопанска банка, објавено во Нова Македонија 21.01.2011

Во согласност со член 158 од Законот за хартии од вредност Стопанска банка АД – Скопје известува дека за нов член на Управниот одбор на Банката е назначен Теодулос Скордис, Заменик Генерален Директор за корпоративно работење.

На ден 17.01.2011 година Централниот регистар на Република Македонија изврши упис на промената во составот на членовите на Управниот одбор  на Стопанска банка АД – Скопје и согласно истото, овластени лица, членови на Управниот одбор на Банката во овој момент се:

  • г-дин Глигор Бишев, Генерален извршен директор и Претседател на Управниот одбор;
  • г-ѓа Константина Панагиотополу, Заменик Генерален Директор за банкарство на мало;
  • г-дин Тони Стојановски, Заменик Генерален Директор за ризици;
  • г-дин Диомедис Нилоетопулос, Заменик Генерален Директор за финансиски и оперативни работи;
  • г-дин Теодулос Скордис, Заменик Генерален Директор за корпоративно работење.