17.05.2012

 

IFC и Стопанска банка ги зголемуваат можностите за малите и средни претпријатија

 

ИФЦ, членка на групацијата Светска банка, и Стопанска банка АД – Скопје, членка на групацијата НБГ, ги здружија силите за да ги зголемат можностите за финансирање на трговското работење за да им помогнат на малите и средните претпријатија да пристапуваат кон нови пазари и да создаваат работни места.

Стопанска банка се придружи кон Глобалната програма за финансирање на трговското работење на ИФЦ (GTFP) како емисиона банка. Оваа програма го поддржува трговското работење на растечките пазари преку обезбедување делумни и целосни гаранции за индивидуални трговски трансакции што имаат кредитен рејтинг „ААА“ од ИФЦ.

Стопанска банка дава кредити за финансирање на увозните и извозните деловни активности на своите клиенти – трговски друштва и мали и средни претпријатија. Пристапот до финансирање на трговското работење е од клучно значење за малите и средните претпријатија кои зависат од прекуграничната трговија за да опстанат и да откријат нови можности за раст на странските пазари.

„Финансирањето на трговското работење е клучен сегмент во деловната стратегија на нашата банка, а Глобалната програма за финансирање на трговското работење е природен избор за партнерство,“ рече Глигор Бишев, Генерален директор и Претседател на Одборот на директори на Стопанска банка. „Како емисиона банка во рамките на оваа програма, Стопанска банка ќе даде придонес кон економскиот раст на Република Македонија со тоа што ќе го одржува учеството на малите претпријатија во меѓнародната трговија.“

Џорџина Бејкер, Директор на ИФЦ за Глобална трговија и решенија за синџирите на набавки, рече „Пристапот до кредити се намалува, но ИФЦ брзо реагира така што ги распоредува своите ресурси за да овозможи постојан тек на глобалната трговија. Како емисиона банка во Глобалната програма, Стопанска банка ќе ги унапреди можностите за финансирање на трговското работење во Република Македонија, помагајќи им на фирмите да пристапат кон нови пазари и да создаваат работни места.”

Од започнувањето на оваа наградувана програма на ИФЦ во 2005 г., издадени се преку 12.000 гаранции во вкупен износ од 17 милијарди УСД за трговски обврски на растечките пазари. Најзначајно е тоа што во фискалната 2011 г., 53% од вкупниот обем на програмата беше намемнет за поддршка на трговското работење во најсиромашните земји во светот, а 79 % од овие средства завршија кај мали и средни претпријатија. Програмата опфаќа повеќе од 200 партнерски банки во преку 90 земји со растечки пазари.

ИФЦ е присутна во Република Македонија од 1993 година и нејзиното портфолио опфаќа 104 милиони УСД. ИФЦ ги насочува своите инвестиции кон зголемување на пристапот до финасиски средства така што го поддржува развојот на локални финансиски институции. Советодавните услуги на ИФЦ имаат за цел да го подобрат работењето на трговските друштва во приватниот сектор и да го привлечат учеството на приватниот сектор во инфраструктурни проекти.
 
За ИФЦ
ИФЦ, членка на групацијата Светска банка, е најголемата институција за глобален развој што е насочена исклучиво кон приватниот сектор. Ние им помагаме на земјите во развој да постигнат одржлив развој преку финансирање инвестиции, обезбедување советодавни услуги на компаниите и владите преку мобилизирање капитал на меѓународните финансики пазари. Во фискалната 2011 година, среде економската несигурност што владееше во целиот свет, им помогнавме на нашите клиенти да создадат работни места, подобро да работат чувајќи ја животната средина, и да дадат придонес во своите локални заедници — притоа достигнувајќи највисок износ на инвестиции од речиси 19 милијарди американски долари. За повеќе информации, посете ја интернет-страницата http://www.ifc.org.

За да дознаете повеќе за Стопанска банка АД - Скопје, членка на групацијата НБГ, посетете ја интернет-страницата http://www.stb.com.mk.

Останете во контакт со ИФЦ:
www.facebook.com/IFCwbg
www.twitter.com/IFC_org
www.youtube.com/IFCvideocasts
www.ifc.org/SocialMediaIndex