18.05.2012

Потпишано долгорочно партнерство за соработка со Импексел2 и Еуро Актива за станбениот комплекс Гранд Престиж

Стопанска банка АД - Скопје во континуитет во изминатите 67 години како корпоративен граѓанин на Република Македонија, ја поддржува македонската економија и стопанство и се гордее со секој поединечен проект како и со свој успех. Посебно внимание посветуваме на градежната индустрија која во последните неколку години е во постојана експанзија создавајќи нов имиџ за градот и државата.

Во знак на таа поддршка, Стопанска банка во соработка со своите долгогодишни партнери и клиенти - Импексел2 и Еуро Актива денес потпиша меморандум за долгорочно партнерство за проектот Гранд Престиж со што се заокружува овој вреден градежен комплекс кој ќе го разубавува градот Скопје.
Проектот нуди 80.000м2 станбен комплекс и целосната финансиска конструкција за истиот е во рангот над 60 милиони евра. Стопанска банка е финансиски партнер на инвеститорите во процесот на реализација на проектот. Како што се гледа на самата локација, две од станбените згради се веќе изградени, а во процес на подготовка се и останатите четири згради со што проектот ќе го постигне крајниот планиран изглед за кој инвеститорите веќе беа наградени во 2011 со титулата „Проект на годината“.

Со реализацијата на овој грандиозен проект во следните 2.5 – 3 години, Скопје ќе добие современ станбен комплекс по примерот на светските метрополи.

Дополнително на споменатата поддршка за инвеститорите, Стопанска банка ќе понуди и најповолни услови за финансирање на клиентите заинтересирани својот нов дом да го имаат токму во комплексот Гранд Престиж. За таа цел, на самиот објект ќе биде отворен посебен шалтер на Банката кој ќе ги опслужува клиентите во целиот процес на купување на новиот дом и ќе ја нуди неопходната поддршка.


Стопанска банка АД – Скопје
На ваша страна