12.06.2012

 

Секој лајк на facebook страницата „На ваша страна” е донација!


Поттикнати од бројот на граѓани кои се повеќе и повеќе ги користат социјалните мрежи за интеракција меѓу себе и со брендовите кои секојдневно ги користат Стопанска банка АД - Скопје иницираше интересна хуманитарна акција на социјалната мрежа Facebook. Имено како општествено одговорна компанија, со цел да ја поттикне и поддржи потребата сите граѓани да учествуваат во општествено одговорни активности Банката со секој нов пријател, нов “like„, на на Facebook страницата „На ваша страна”, донира скромен прилог кој како расте бројот на пријатели ќе станува се позначаен.

Оваа акција е поразлична од другите општествено одговорни активности на Банката затоа што самите граѓани и нивната хуманост одлучуваат каде собраните средства ќе бидат донирани – дали до училиштата за деца со посебни потреби, институции за деца без родители или институции кои се грижат за хендикепирани лица. Банката ги повикува пријателите на страницата да предлагаат каде да се донираат средствата и сите пријатели заедно ќе одлучат со гласање.

Дополнително, facebook страницата „На ваша страна“ на сите пријатели ќе им понуди богата содржина која секојдневно ќе го подобрува квалитетот на живеење со совети и препораки поврзани со семејството, патувањата, актуелните културни и спортски збиднувања и ќе ги подарува своите пријатели со вредни сезонски награди.

Сега вашите лајкови вредат! Донирајте додека сте на Facebook и одлучете каде ќе бидат подарени сите собрани средства!

Секој лајк е донација! Лајкнете тука:

www.facebook.com/NaVasaStrana

Стопанска банка АД – Скопје
На ваша страна