25.04.2012

Стопанска банка АД - Скопје дел од Денови на кариера 2012 на Економскиот факултет - Скопје

Стопанска банка АД - Скопје учествуваше на саемскиот дел од настанот Денови на кариера 2012год. што се одржа на 20 - 21.04.2012 на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј" - Скопје во организација на студенстката организација AIESEC.

Стопанска банка како партнер на овој настан со свој штанд беше директно присутна пред студентите, идните и потенцијални вработени во банкарскиот сектор, а и самите студенти имаа можност да се претстават себеси директно пред претставниците од Банката.

 

Стопанска банка АД - Скопје

На ваша страна