22.05.2013

 

Стопанска банка присутна на Бизнис денот на стопанствениците во Индустриска Зона Визбегово


На иницијатива на Здружението на стопанственици во индустриска зона Визбегово, се одржа Бизнис Ден, со цел претставување на компаниите во зоната, како и воспоставување на деловно партнерски односи. Настанот се одржа во просториите на Темпо 99 во организација на здружението, каде присуствуваа вкупно 40-тина компании со свои штандови и претставници, од различни индустрии и сектори - банкарски, кондиторика, автомобилски, итн.  

Бизнис денот го отвори претседателот на здружението Неџат Шаини - стопанственик од зоната, кој во своето излагање даде насоки и планови за активностите кои следат во здружението во тековната година и кои ќе вродат и донесат позитивна клима и долгогодишна соработка меѓу компаниите, како и развој на зоната во која функционираат.  

Компаниите имаа одлична можност да остварат контакт и споделат меѓусебни информации за се она што го застапуваат и нудат, како и да остварат бизнис релации. Меѓу учесниците со свои штандови се претставија покрај Стопанска банка и Свислион, Суна, Жито Интеграл, Анастасиади, Лекс Елетрик, ТДА Трејд, Баукоп, Олимпиа Моторс и многу други.   

 

Стопанска банка АД - Скопје

На ваша страна