07.05.2012

 

Стопанска банка АД - Скопје спонзор на 13та годишна конференција на Македонска берза

 

На 04.05.2012 (петок), Стопанска банка АД - Скопје како еден од спонзорите на 13та годишна конференција на Македонска берза зема активно учество на конференцијата. Имено, Г-дин Глигор Бишев, Главен Извршен Директор и Претседател на УО на Стопанска банка учествуваше во првиот дел од конференцијата, односно на панел дискусија на тема „Глобалните и локалните макроекономски состојби и нивна рефлексија на пазарите на капитал“. На конференцијата присутни беа и високи владини претставници.