31.07.2012

 

Бесплатна платформа за интернет трговија за клиентите на Стопанска банка во соработка со Инфопроект и Интернет трговија



Стопанска банка АД - Скопје како водечка Банка во иновативните, современи услуги за своите клиенти и компаниите Интернет трговија и Инфопроект денска ја објавија својата стратегиска соработка, во понуда на најсовремена бизнис cloud технологија на клиентите на Банката.
Со оваа соработка, корпоративните клиенти на Стопанска банка АД – Скопје ќе можат, под многу поволни услови, да склучат договор за користење на СкС (Софтвер како Сервис) услугите на Интернет трговија и Инфопроект. За оние кои ќе пристапат, услугите ќе бидат бесплатни за користење до крајот на 2013 година (се наплаќа само еднократен трошок за инсталирање).
 

СкС услугите опфаќаат комплетно покривање на потребите за деловен софтвер, од заднинско работење (ERP софтвер), до воспоставување на web-продавница и web сајт на компанијата. Со ваквиот начин на работење се остваруваат значителни заштеди во работењето, се намалуваат непотребните инвестиции во брзо-застарувачка опрема и се добива континуирана квалитетна услуга и поддршка. Притоа, од клиентот не се бараат никакви посебни информатички вештини. Клиентот нема никаква потреба од локално инсталирани ресурси (сервери, мрежи, итн.), освен вообичаен персонален компјутер или лаптоп приклучен на Интернет. Сите апликации и податоци се безбедно складирани во професионален data-центар. Комуникацијата помеѓу работните станици и апликациите е на највисоко можно ниво, според истите стандарди кои ги користи Стопанска банка АД – Скопје во комуникацијата со своите клиенти.
 

Постојат повеќе пакети и нивоа на услуги. Опфатени се потребите на сите видови на компании (микро, мали, средни и големи). Ваквата достапност на интегрирано решение базирано врз најсовремена информатичка технологија, за македонските компании претставува шанса за подобрување на нивните деловни перформанси и конкурентност. Со пакетот БизнисТотал на македонските компании за прв пат им е достапно интегрирано решение за електронска трговија и деловно работење, базирано на СкС (Софтвер како Сервис) технологија, која овозможува најголема флексибилност и ефикасност во работењето.
Поради големите придобивки за работењето на компаниите коцептот СкС е главен светски тренд во информатичката технологија, а според извештајот на аналитичката куќа Гартнер (http://www.wired.com/cloudline/2012/07/cloud-silver-lining/), пазарот на СкС и „Cloud“ решенија забележува раст од 17% годишно, и се јавува како двигател на развојот за целата ИТ индустрија.

Повеќе информации можат да се добијат на веб-сајтот http://biznis.tc.mk, од каде што директно може да се склучи договор за користење, како и на веб страната на Стопанска банка АД – Скопје www.stb.com.mk.

Стопанска банка АД – Скопје
На ваша страна