06.09.2012

 

Соопштение за соработка со Аутомотив груп



Аутомотив Груп во соработка со Стопанска банка АД - Скопје со нова ексклузивна каматна стапка за кредитирање од 5%, на програмата на Renault, Nissan и Dacia 

Аутомотив Груп во соработка со Стопанска банка АД – Скопје обезбеди ексклузивно најниска каматна стапка за своите купувачи и за клиентите кои платата ја примаат преку Стопанска банка. Аутомотив наместо да ги потроши средствата планирани на прослава за својот 5 годишен јубилеј, во соработка со Стопанска банка АД – Скопје, ексклузивно ќе овозможи 5% годишна каматна стапка на кредитирање за оние кои ќе поднесат барање за купување на возило на кредит во наредните 45 дена за количина од вкупно 55 возила од програмата на Renault, Nissan и Dacia.

 
Станува збор за исклучително поволен наменски автомобилски кредит кој ќе биде лесно достапен во продажната мрежа на Аутомотив Груп и во филијалите на Стопанска банка АД – Скопје, на територијата на Македонија.

 
Избравме неконвенционален начин да го прославиме нашиот јубилеј. Средствата кои ги издвоивме за прославата, се решивме да ги намениме за нашите идни купувачи, да им го олесниме процесот на купување и да им го направиме уште поповолен и полесен,  и со тоа сите заедно да ја прославиме 5 годишнината од нашето постоење. Заедно со Стопанска банка АД – Скопје, нудиме производ во вистинско време. Сите попусти од акциите на нашите возила што важеа до денес остануваат и понатаму, а 5% годишната каматна стапка се однесува на износот на кредит кој ќе се користи за купување на возилата по направените попусти во акција“, изјави Кирил Калеников Директор на Аутомотиве груп.

 
Стопанска банка АД – Скопје како долгогодишен партнер на Аутомотив Груп понудата ја збогати, со тоа што на клиентите кои ќе поднесат барање за оваа кредитна линија дополнително ќе им одобри 50% попуст на административните трошоци“, изјави Татјана Калајџиева, Директор на секторот за продажба и мрежа на филијали во Стопанска банка АД Скопје.

 
Аутомотив Груп на македонскиот пазар официјално постои од јуни 2007 година како ексклузивен импортер за брендовите Renault, Nissan и Dacia, а во моментов е меѓу трите најголеми импортери на пазарот во Македонија, со вкупен удел од 11,54% кон крајот на 2011 година.

Карактеристиките на автомобилскиот кредит можете да ги дознаете на следниот линк.

Стопанска банка АД - Скопје

На ваша страна