01.09.2015

 

Соопштение за намалени месечни трошоци за отплата во септември 2015

 

Почитувани,

Наградувајќи ја довербата на клиентите, Стопанска банка во септември 2015 им овозможува на сите корисници на Visa и MasterCard кредитни картички цел месец опуштени купувања и намалени месечни трошоци за отплата. Знаејќи дека септември е секогаш месец со зголемени потреби за различни купувања, овој месец, сите корисници на кредитни картички од Стопанска банка добиваат месечен преглед со можност за 0% минимална месечна отплата на доспеаните обврски од кредитните картички.

Корисниците на кредитни картички можат да ја искористат оваа можност за намалена отплата на месечните обврски во септември 2015 за повеќе купувања со кредитната картичка а воедно можат да ги искористат и бројните попусти и промоции користејќи ја можноста за КУПУВАЊЕ НА РАТИ БЕЗ КАМАТА кај повеќе од 1.000 реномирани продажни места насекаде во РМ. Дополнително, со сите online трансакции со кредитните картички клиентите стекнуваат право на учествуво во големата наградна игра #КупувајОпуштено со месечни награди од 100.000денари.


По истекот на промотивниот период, корисниците на кредитни картички продолжуваат да користат најниска отплата од само 3% за MasterCard и 5% за Visa кредитните картички. Намалената месечна отплата во септември 2015 се однесува само на минималниот (задолжителен) износ на месечната отплата што треба да се подмири во рамките на рокот за плаќање (а не и на пресметаната месечна камата), но тие се секогаш слобода да уплатат и поголем износ, согласно можностите, во било кое време и без никаков дополнителен надомест.

Стопанска банка АД - Скопје

На ваша страна