15.12.2017

 

Почна второто издание на „Сонуваме.Менуваме“

 

Во преполната сала на Македонската Опера и Балет во 18 часот почна второто издание на „Сонуваме.Менуваме“ со инклузивните концерти на 5+ фамилија. На разиграната сцена богата со визуелни елементи, омилените ликови од серијата заедно со децата од асоцијациите подготвија незаборавен спектакл кој покрај добрата забава за сите присутни понуди и нови искуства и сознанија за децата со посебни потреби, нивните амбиции, желби, можности и соништа.  Фотографиите од сите 5 концерти ќе бидат достапни на Facebook страницата на Банката.

 

Во својата заложба континуирано да им помага на децата, Стопанска банка АД - Скопје вчера ги презентираше и проектите кои оваа година ќе добијат грантови за остварување на предложените проекти. До Банката стигнаа 31 барање што е значително повеќе од минатата година. Комисијата за спонзорства и донации при Стопанска банка АД - Скопје објективно се произнесе избирајќи 12 асоцијации од повеќе градови на Македонија, на кои целосно или делумно ќе им финансира реализација на предложените проекти.

Секако, Стопанска банка АД - Скопје останува посветена и се надева дека “Сонуваме.Менуваме“ ќе продолжи да се реализира секоја година и ќе продолжи да финансира проекти на асоцијациите на деца со посебни потреби со што ќе им ги подобри условите за едукација и надградба.

 

Во продолжение се избраните проекти и соодветните буџети.

Стопанска банка АД - Скопје

На ваша страна