28.11.2016

 

СОНУВАМЕ.МЕНУВАМЕ - Соопштение за јавност


 

“На децата дај им крилја, но остави ги самите да научат да летаат„ – Габриел Гарсија Маркес

 

Со овој инспиративен цитат, со задоволство го најавуваме нашиот нов општествено одговорен проект под називот „Сонуваме.Менуваме“ кој ќе се реализира на 04.12.2016 (недела) во МОБ со почеток од 11 часот. Настанот е посветен на децата од Македонија со различен хендикеп и ќе помогне во одбележувањето на Меѓународниот ден на лицата со хендикеп, попреченост и посебни потреби.

 

На настанот, деца од различни возрасти, од повеќе градови од Републиката и со различни попречености, заедно со свои врсници и заедно со Калиопи и 5+ Фамилија ќе ни се претстават на сцената на МОБ и ќе не воодушеват во своите способности, потенцијал и креативна моќ. Веруваме дека на тој начин ќе ни помогнат да изградиме општество кое ги сплотува различностите и се надградува благодарение на нив.

 

Стопанска банка во соработка со здруженијата на родители на деца со посебни потреби, преку посебно формирана комисија, ќе донира во реализација на проекти кои на децата ќе им овозможат подобри услови за учење и надградба. Дополнително, Банката со децата изработи едукативни видео пораки кои ќе бидат споделени со училиштата ширум Републиката и ќе имаат за цел да ги поттикнат децата да развиваат емпатија и да им подадат рака на своите врсници.

 

Пријатели на настанот се: Британска амбасада, ОхО, Публицис, Невродиверзитет и МОБ. Срдечно им благодариме за поддршката.

 

Стопанска банка АД – Скопје

На ваша страна