24.11.2010Јавен повик за учество на 25та седница на Собрание на акционери

 

Врз основа на член 27 од Статутот на Стопанска Банка АД – Скопје (С.О. Бр. 190/30.07.2010 година, пречистен текст), Надзорниот одбор на Стопанска Банка АД – Скопје, на седницата одржана на 29.10.2010 година, донесе Одлука за свикување на 25-та седница на Собранието на акционери на Стопанска Банка АД – Скопје (Н.О. бр. 1853/29.10.2010 година).


Седницата на Собранието ќе се одржи на 21.12.2010 година (вторник), со почеток во 12.00 часот во седиштето на Стопанска Банка АД – Скопје, Централа, на ул: “11 Октомври” бр. 7, 1000 Скопје (влез во Градскиот Трговски Центар).


За работа на 25-тата седница на Собранието на акционери, Надзорниот одбор на СБ го предлага следниот:


ДНЕВЕН РЕД:


1. Избор на Претседател, Записничар,  и бројач на гласови,

2. Разгледување на Записникот од 24-тата седница на Собранието на акционери на Стопанска Банка АД - Скопје;

3. Донесување на Одлука за измена на Статутот на Стопанска Банка АД – Скопје;

4. Утврдување на пречистен текст на Статутот на Стопанска Банка АД – Скопје;

5. Донесување на Одлука за избор на член на Надзорен  Одбор на СБ.


Се повикуваат акционерите на Стопанска Банка АД – Скопје да го пријават своето учество на седницата на Собранието со доставување на: писмено овластување издадено од надлежен орган на акционерот (за акционери правни лица) или лично потпишана пријава (за акционери физички лица), најмалку 3 (три) дена пред одржувањето на седницата, а најдоцна во рокот предвиден со Законот за трговски друштва.

 

Секој акционер може да овласти свој полномошник на седницата на Собранието. Овластувањето на полномошникот се дава со потпишување на писмено полномошно, заверено кај нотар.


Овластувањата, потпишаните пријави или полномошната се доставуваат до: Стопанска Банка АД – Скопје, ул: “11 Октомври” бр. 7, 1000 Скопје,  со назнака: за Кабинет на генералните директори.


Материјалите по предлог - дневниот ред ќе бидат достапни на увид на акционерите во Централата на Стопанска Банка АД – Скопје (3 кат, канцеларија бр. 306) и во седиштата на филијалите на Стопанска Банка АД - Скопје, секој работен ден од 12:00 до 15:00 часот, од денот на објавувањето на овој јавен повик.      

 

СТОПАНСКА БАНКА АД – СКОПЈЕ