08.11.2013

 

Се гордееме со успехот на нашите вработени

 

Во Стопанска банка АД - Скопје создаваме работна средина која ги мотивира вработените и ги поттикнува да остваруваат секогаш повеќе и да поставуваат нови стандарди за себе и за своите колеги. Во тој дух, се гордееме со успехот на Тања Дрвошанова - Елисковска која од Агенцијата за Супервизија на осигурување доби годишна награда за млади истражувачи за најдобар труд од областа на управување со ризици и осигурување во Република Македонија за 2013 година. 

Со цел стимулирање на развојот на научната мисла и изработка на трудови од областа на управување со ризици и осигурување во Република Македонија, како и афирмација на млади и стручни кадри, Агенцијата за супервизија на осигурување доделува годишна награда за 2013 година за истражувачки труд од областа на управување со ризици и осигурување во Република Македонија. Тања Дрвошанова - Елисковска беше прогласена за победник на Конкурсот во рамки на прославата на Денот на осигурувањето 1ви ноември во х. „Александар Палас“ и ја доби Плакетата - најдобар млад истражувач. Пристап до наградениот труд е овозможен на овој линк.

 

Стопанска банка АД - Скопје

На ваша страна