07.04.2014

 

Тимот од Стопанска банка победник на натпреварот во организација на IEDC Bled School of Management

 

Минатата недела во Скопје се одржуваше вториот по ред IEDC натпревар во бизнис студија на случај - Македонија 2014. На натпреварот учество зедоа 6 тимови од македонски компании кои 2 дена активно работеа на истиот бизнис случај по што одржани беа и презентации пред комисија составена од 3 членови (претставници на IEDC Bled school of management). Согласно природата на натпреварот и предусловите поставени од организаторот, Стопанска банка АД – Скопје состави силен и репрезентативен тим:

Зорица Бундалевска, Директор за управување со трансакциски операции за банкарство на мало

Стефан Пепоски, Директор на дирекција за управување со картични производи

Милица Неделковска, Помлад советник во Дирекција за управување со депозитни производи

Кристина Николовска, Кредитен референт во Сектор за изготвување кредитни предлози

Владислав Мишев, СББ референт во филијала Кисела вода

Бранко Марсениќ, Аналитичар за ризици во дирекција за управување со кредитен ризик

 
Благодарение на изградениот тимски дух, посветеноста и професионалниот пристап кон проектот, нашиот тим победи на натпреварот и гордо ќе ја претставува Банката, но и Македонија на регионалното натпреварување кое ќе се одржи во Блед, Р. Словенија подоцна во текот на годината. Им го честитаме успехот и им посакуваме уште многу успех на натпреварувањето што им следува.

 
Успехот на тимот од Стопанска банка беше проследен и по медиумите за време на викендот каде беше цитирана и нивната тимска изјава:

„Нашиот тим беше балансирано организиран преку вклучување на различни профили на професионалци што ни овозможи полесно да се организираме и да го оствариме денешниот успех. Конкуренцијата беше дополнителен стимул да дадеме се од себе меѓутоа сметаме дека клуч на успехот беше тимскиот дух и фактот што не заборавивме да уживаме во овој несекојдневен предизвик. Среќни сме што постигнавме успех и што ќе ја претставуваме Стопанска банка на регионалното натпреварување. Им благодариме на Бледската школа за менаџмент за одличната организација на натпреварот и корисните совети и препораки кои ни ги даваа за време на натпреварот“
 

Се надеваме оваа победа ќе биде поттик за сите вработени на Банката, да го ценат и негуваат тимскиот дух и да изнаоѓаат решенија за сите деловни предизвици со кои секојдневно се соочуваме. Само на тој начин ќе можеме професионално и достоинствено да ги остваруваме поставените работни задачи, да постигнуваме успеси со кои ќе се гордееме и да оставиме белег на општеството и времето во кое живееме. 

 

Стопанска банка АД - Скопје

На ваша страна