24.03.2015

 

Стопанска банка АД - Скопје присутна со штанд на Саем за мебел 2015г.

 

Почитувани клиенти,


Традиционално и оваа година, Стопанска банка АД - Скопје е присутна со штанд на Саемот за мебел што започна денес и ќе трае до 29.03.2015 (недела) на Скопскиот саем. Штандот на СБ е лоциран на самиот влез од првата хала.

На саемот може да купите мебел што го посакувате со помош на кредитните производи на Стопанска банка АД – Скопје. Дополнително, трговците партнери на Банката се опремени со ПОС терминали и формулари за аплицирање кои ќе ви го олеснат купувањето.
 
Купувајте на овој Саем за мебел на рати со 0% камата со кредитните картички на СБ или до 120 рати со потрошувачкиот кредит на Банката, без административни трошоци. Исто така, може да поднесете барање за кредит или картичка на саем, кај трговците партнери или консултирајте се со нашите претставници кои ќе ви овозможат пресметка за кредитот, ратата и минималната месечна отплата кај кредитната картичка.

Стопанска банка АД - Скопје

На ваша страна