26.03.2014

 

 

Стопанска банка АД - Скопје присутна со штанд на Саем за мебел 2014г.

 

 

Почитувани клиенти,


Традиционално и оваа година, Стопанска банка АД - Скопје е присутна со штанд на Саемот за мебел што започна на 25.03.2014 и ќе трае до недела 30.03.2014 на Скопскиот саем. Купете го мебелот што го посакувате со помош на кредитните производи на Стопанска банка АД – Скопје. Дополнително, трговците партнери на Банката се опремени со ПОС терминали и формулари благодарение на кои ќе можете брзо и лесно да го купите мебелот кој го посакувате.
 
Купувајте на овој Саем за мебел на рати со 0% камата со кредитните картички на СБ или до 72 рати со потрошувачкиот кредит на Банката. Исто така, може да поднесете барање за кредит или картичка на саем, кај трговците партнери или консултирајте се со нашите претставници кои ќе ви овозможат пресметка за кредитот, ратата и минималната месечна отплата кај кредитната картичка.
 

Стопанска банка АД - Скопје

На ваша страна