06.03.2012

 

Саем за градежништво 2012

 

Стопанска банка АД - Скопје зеде активно учество на Саемот за градежништво и RealEx Саемот за недвижности кој се одржува оваа година од 06.-10.03.2012 на Скопскиот саем. Саемот има за цел да ја претстави понудата на градежните компании на пазарот за недвижнини како и капацитетите достапни за населението и правните лица.


Согласно изнесеното на Конференцијата во организација на RealEx во 2011г. во Скопје во 2011 година пласирани биле 1200 готови станови а најголем развој во овој поглед има во населбите Аеродром и Кисела Вода. Побарувачката за станбени објекти е стабилна на 8.500 трансакции годишно и просечната цена по квадрат изнесува 1041 евра. Стопанска банка АД - Скопје на саемот ги претставува своите производи - станбени и хипотекарни кредити со кои доминира на македонскиот пазар. Пазарното учество од 40% докажува дека Банката развива производи кои се во склад со потребите на клиентите. Секако, во фокусот на интересот останува и понудата од проектот на Владата на РМ „Купи куќа, купи стан“ за кој Стопанска банка дополнително нуди и 50% попуст на нотарските трошоци со што на клиентите им го олеснува првиот чекор до сопствен дом.


Ги повикуваме заинтересираните клиенти, градежни компании и агенции за недвижнини да го посетат штандот на Стопанска банка каде ќе можат да добијат детални информации, пресметки и примери за кредитот што ги интересира како и да остварат соработка со која заедно ќе се промовираат имотите за продажба како и кредитите од Банката.

 

Стопанска банка АД - Скопје

На ваша страна