19.03.2014

 

RoboMac во i-bank store

 

Почитувани,

 
Ни претставува огромно задоволство да ги претставиме достигнувањата на студентите на ФЕИТ (Факултетот за Електротехника и Информациски Технологии) остварени на RoboMac 2014 година.

Во просториите на i-bank store, Банката од иднината на Стопанска банка во сабота 22.03.2014 во периодот од 12 до 13 часот студентите од ФЕИТ ќе ги активираат роботите со кои успешно се претставија на RoboMac и ќе ги презентираат нивните функционалности. 
 

Ве покануваме да го откриете возбудливиот свет на роботиката и да ги запознаете подобро i-bank услугите кои Стопанска банка ги развива со најсовремената технологија достапна за банкарскиот сектор.
 

Уживајте во добра забава и научете нешто повеќе за иднината.

 

Стопанска банка АД - Скопје 

На ваша страна