04.12.2016

 

„СОНУВАМЕ.МЕНУВАМЕ.“

општествено одговорен проект на Стопанска банка АД - Скопје
„Заедно можеме да создадеме поубав и чудесен свет“


Стопанска банка АД – Скопје со задоволство го најавува новиот општествено одговорен проект под називот „Сонуваме.Менуваме“ кој се реализираше денес 04.12.2016 (недела) во МОБ со почеток од 11 часот. Настанот е посветен на децата од Македонија со посебни потреби и помага во одбележувањето на Меѓународниот ден на лицата со хендикеп, попреченост и посебни потреби.
 
Овој проект е реализиран со деца од различни возрасти и со различни попречености, кои заедно со свои врсници и заедно со Калиопи и 5+ Фамилија кои настапија на сцената на МОБ за да ги претстават своите способности и креативен потенцијал. Стопанска банка во подготовките на настанот беше во интензивна комуникација и соработка со здруженијата на родители на деца со посебни потреби, за кои обезбедува и поддршка на долгорочни проекти.


Дополнително, Банката за овој проект изработи едукативни видео пораки кои се достапни јавно и ќе бидат споделени со училиштата ширум Републиката и ќе имаат за цел да ги поттикнат децата да развиваат емпатија и да им подадат рака на своите врсници а за сите деца посетители на настанот, Банката обезбеди пакет подароци.
 
СОНУВАМЕ.МЕНУВАМЕ е проект кој е посебен не поради организаторите туку напротив, поради децата кои учествуваат во него и кои ни овозможија да го реализираме денешниот настан. Тоа се децата со посебни МОЖНОСТИ (како што родителите кажуваат), децата на кои им е потребна секоја дополнителна поддршка и децата без кои немаше да можеме да ја пренесеме пораката до пошироката заедница.
СОНУВАМЕ.МЕНУВАМЕ има за цел да ги нагласи предностите од различностите кои постојат во нашиот свет и на младите да им ги отвори видиците кон нив, но и начинот како да ги прифатат и заедно да создадат еднакви можности за сите. Со донациите кои Банката денес ги објави кон асоцијациите се надеваме дека децата покрај денешната забава ќе уживаат и во подобрени услови за едукација и надградба.“ – изјави г-дин Диомидис Николетопулос, Генерален Извршен Директор и претседател на Управниот одбор на Стопанска банка АД – Скопје.


Голема благодарност до пријателите на настанот кои помогнаа во организацијата и реализацијата на настанот: ОхО, Публицис, Амбасадата на Обединетото кралство во Македонија, Невродиверзитет и МОБ.

 

Преносот во живо од настанот беше достапен на YouTube каналот на Банката на следниот линк и сеуште е достапен за преглед. Бројните фотографии од настанот ќе бидат секако достапни и на Facebook страницата на Стопанска банка а ги очекуваме и посетителите со нивни фотографии да го збогатуваат албумот.

 

Комисијата за разгледување на пристигнатите барања за реализација на проекти во чијшто состав влегуваше и Калиопи како почесен член ги разгледа барањата и одлучи поддршка да додели за следните проекти: