Скопје, 18.11.2011г.

 

50 години последипломски студиум по монетарна економија на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје

 

На 18.11.2011 година (петок) се прославува значаен јубилеј – 50 години од основањето на последипломскиот студиум по монетарна економија на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј„ – Скопје.

Јубилејот има посебно големо значење и поради фактот што овој студиум е најстариот на просторите на поранешна Југославија и во својата историја продуцираше врвни економски академски граѓани кои со својата експертиза придонесуваа за развојот на монетарната економија во регионот.

Најголемите банки во Македонија  - Стопанска банка АД – Скопје и Комерцијална банка АД Скопје се партнери на прославата и разбирливо даваат максимална поддршка затоа што и голем број од нивните вработени дипломирале на Економскиот факултет, а 16 вработени во Комерцијална банка АД Скопје магистрирале на последипломскиот студиум по монетарна економија; 6 вработени во Стопанска банка АД – Скопје магистрирале на последипломскиот студиум по монетарна економија додека 3 и докторирале на истиот.

Во рамките на 50-годишнината организирани се неколку настани и активности, како меѓународна конференција, средба на генерации, формирање на Alumni club, издавање монографија и зборник на трудови.

На овој јубилеј, учество ќе земат гости од различни земји, професори од пријатели факултети, високи владини претставници, претставници од невладини организации, банки, осигурителни компании, видни лица, итн.

 

Стопанска банка АД – Скопје                                              Комерцијална банка АД Скопје

 На ваша страна                                                                  Столб на успехот