15.06.2011

 

4 месеци БЕЗ ПРОВИЗИЈА за новоотворени денарски сметки


Почитувани клиенти,

Како најголема банка во Македонија, Стопанска банка се стреми да остане на страна на своите клиенти и да биде катализатор во остварувањето на нивните планови и аспирации. Со процесот на реорганизација кој Банката го спроведуваше изминатите години фокусот на правните лица е зголемен и се нудат современи банкарски услуги и производи достапни не само во сите филијали на Банката туку и во Регионалните бизнис центри отворени во Битола. Струмица и Скопје.

Искористете го промотивниот период од 15.06. до 15.10.2011 и намалете ги трошоците во работењето:
•    сите ново отворени денарски сметки ќе ги користат сите готовински и безготовински трансакции на шалтер или преку e-banking БЕЗ ПРОВИЗИЈА
•    сите денарски сметки кои се ре-активираат после минимум 1 година неактивност ќе ги користат сите готовински и безготовински трансакции на шалтер или преку e-banking БЕЗ ПРОВИЗИЈА

Побрзајте, информирајте се во најблиската филијала или бизнис центар кои се чекорите потребни за отворање на денарска сметка во Стопанска банка.

По истекот на промотивниот период во примена ќе бидат редовните тарифи за реализација на трансакции во домашниот платен промет.

Стопанска банка АД – Скопје
На ваша страна