15.06.2011

 

Соопштение од промоцијата на телефонското банкарство

 

Пред 5 години Стопанска банка АД – Скопје како мото на своето работење го одбра „на ваша страна“ а пред една година го дополнивме со слоганот „секогаш први до услуга“. Тоа создаде голема обврска за Банката во своето секојдневно работење перманентно да ги исполнува своите заложби. Денеска ни претставува особено чест и задоволство да објавиме дека продолжуваме да бидеме на ваша страна и секогаш први да ви овозможиме квалитетни услуги, овој пат преку новитетот Телефонско банкарство.
Телефонското банкарство е сервис кој можат да го користат сите физички лица клиенти на Банката кои сакаат да плаќаат сметки за комуналии, да плаќаат рати за кредити или кредитни картички, да прават секакви денарски плаќања, да добијат увид во состојбата на нивните сметки и производи и бројни други услуги едноставно, брзо и безбедно преку телефон. Повеќе информации достапни тука.

На овој начин Банката останува пионер во воведување на банкарски услуги, базирани на врвни технологии кои ја гарантираат безбедноста, стабилноста и сигурноста во работењето. Брендот i-bank, под кој се воведува телефонското банкарство, ја симболизира зголемената слобода и изборот на нашите клиенти 24 часа да реализираат банкарски трансакции преку телефон, интернет или на банкомат.

Секако, развојот на новите услуги и производи е дел од мисијата на Банката, која посветено работи да ги задоволи потребите на своите клиенти, во постојано променливата околината во која живееме и работиме.
Затоа, ја користиме приликата да ги промовираме и новите депозитни и кредитни производи со кои се збогати портфолиото на Банката и изборот на граѓаните:
•    Штеден план наречен „мој план“ е производ наменет за клиентите кои сакаат редовно да издвојуваат средства од своите редовни и вонредни примања за своите идни планови. Со разните периоди на орочување, атрактивните каматни стапки и можноста за избор на валута депозитот ќе биде прифатен од клиентите кои побараа истиот да биде развиен од Банката.
•    Потрошувачкиот кредит без обезбедување, како најстара форма за кредитирање е проширен и по рок на отплата (до 8 години) и по износ (до 10.000евра) и промотивно е достапен со девизна клаузула, каматна стапка од само 8% годишно и 50% попуст на административните трошоци.

Стопанска банка АД – Скопје во своите 66 години од постоење е на ваша страна и ќе останеме верни на таа заложба во иднина кога благодарение на врвните иновации секогаш ќе бидете први на ред и слободното време ќе го користите за себе.

 

 

Обраќање на г. Глигор Бишев, Генерален извршен директор и Претседател на УО на Стопанска банка

   

Презентација во живо на услугите за телефонско банкарство за новинарите одржа Г-ѓа Хилда Петровска, Директор на Конаткт центарот на Стопанска банка АД - Скопје

Посета на членовите на Управниот Одбор на просториите на Контакт центарот на Стопанска банка АД - Скопје