17.12.2012

 

Промоција на мобилната апликација на СБ во Skopje City Mall 

 

Стопанска банка АД - Скопје ја продолжи промоцијата на својата иновативна m-banking мобилна апликација овој викенд во Skopje City Mall. Имено, во саботата на 15.12.2012 во периодот од 12:00 до 18:00 часот, клиенти на Банката како и посетителите во Skopje City Mall имаа можност да следат детална презентација на оваа најнова иновативна мобилна апликација, достапна за сите генерации на клиенти, корисници на „паметни телефони“ на Android или i-phone платформа.

Овој пат, преку натпревари, игра и забава, клиентите на Банката и посетителите се уверија дека преку мобилната апликација, Банката станува „Банка на дланка“.

Стопанска банка и овој пат за сите генерации на клиенти и за сите посетители во City Mall подготви изненадувања.

 

Стопанска банка АД - Скопје

На ваша страна