03.03.2016

 

Позитивен пример за Општествено одговорни активности

 

Стопанска банка АД – Скопје како општествено одговорна компанија е горда што низ годините има создадено богата, препознатлива и добро изградена практика на општествено одговорни (ОО) активности. Иако, како граѓани, во поставеноста на нашиот секојдневен живот исполнет со проекти и рокови, некогаш забораваме дека на комплексното општество, од кое сме интегрален дел, му е потребна нашата енергија, нашата поддршка и нашето насочување, Банката имплементира ОО стратегија, која заедно со нашите вработени, има за цел за градење на појаки и подолготрајни врски со заедницата и општеството. Во исто време, овие напори се поддржани од нашата Групација (NBG) со која постојано споделуваме позитивни ОО искуства така што заедно градиме кула од знаења кои потоа се користи за доброто на секоја заедница.

 

Токму затоа, мотивирани сме да ја споделиме информацијата дека со почетокот на февруари, NBG Групацијата промовираше долгорочен проект насочен кон активирање на целото општество во идентификување на слабите точки и обид да се подобрат истите со заедничко делување. Во соработка со јавноста, проектот наречен Act4Greece идентификува проблеми кај помали заедници, развива детален план и буџет, ги објавува јавно овие податоци и започнува процес на crowdfunding во одредена временска рамка.
 

Интернет платформата https://www.nbg.gr/act4greece/en/ нуди детални информации за проектот и недвосмислено покажува како компаниите, особено големите и системски банки како столбови на општестото можат да придонесат за долгорочни решенија на општествените проблеми.

Стопанска банка АД – Скопје
На ваша страна