01.02.2012

Прилагодување на каматни стапки

 

Почитувани клиенти,

Ниската и стабилна инфлација и движењата на меѓународните и домашните финансиски пазари детерминираа намалување на каматните стапки. Истовремено, поради ниската инфлација реалните каматни стапки остануваат на релативно високо ниво. Стопанска банка АД – Скопје следејќи ги ваквите движења како и потребите на стопанството на Република Македонија изврши прилагодување на каматните стапки со примена од 01.02.2012г.

Информацијата за новите каматни стапки е достапна на веб страницата и во секоја од нашите филијали.

Стопанска банка АД – Скопје
На ваша страна