18.06.2013

 

Претставување на новиот Генерален Извршен Директор и членовите на Управниот Одбор на Стопанска банка АД - Скопје

 

Со цел да го претстави новиот Генерален Извршен Директор и членовите на Управниот одбор на Банката, Стопанска банка одржа неколку презентации пред своите клиенти во дел од градовите каде што е присутна со своја филијала: Скопје, Битола, Прилеп, Струмица, Штип, Куманово, Охрид и Тетово. На овие презентации, клиентите имаа можност да се запознаат со новиот Генерален Извршен Директор и Претседател на Управниот одбор на СБ, Г-дин Диомидис Николетопулос, како и со членовите на Управниот одбор на Банката: Г-дин Тони Стојановски, Г-дин Теодолус Скордис и Г-ѓа Милица Чапаровска  и да ги пренесат своите мислења, потреби и барања до нив, како и да се продлабочат одредени деловни односи. На овој начин Банката успева подобро да ги запознае своите клиенти во регионите во Македонија и останува комплетно посветена на своето мото „на ваша страна“.

 

Стопанска банка АД - Скопје

На ваша страна

 

Прилеп 11.06.2013

  

 

Штип 13.06.2013

       

 

Тетово 17.06.2013

  

 

Скопје 18.06.2013