6.12.2010Прес конференција на Стопанска банка АД - Скопје и компаниите под Т - брендот


Соопштение за медиуми


Во согласност со модерниот начин на живеење и благодарение на најсовремените технолошки достигнувања, Македонски Телеком АД-Скопје и T-Mobile Македонија, во соработка со Стопанска банка АД - Скопје, воведуваат нови и олеснети канали за плаќање на услугите, достапни 24 часа на ден. Корисниците на Македонски Телеком и T-Mobile ќе можат да ги плаќаат месечните сметки за интернет, телефон и телевизија преку интернет и преку мрежата на банкомати на Стопанска банка.


Електронското плаќање е лесно и едноставно, без провизија и дополнителни трошоци. Сè што треба е интернет пристап и платежни картички од брендот на MasterCard и VISA издадени од која било банка во светот или платежни картички издадени од домашни банки во Македонија кои се користат за електронски плаќања. За плаќање сметки преку интернет, корисниците можат да пристапат преку е-бизнис веб страницата на Т-Mobile http://www.t-mobile.mk/e-biznis или преку Мој Телеком страницата на T-Home https://moj.telekom.mk/. Припејд корисниците на Т-Mobile веќе ја имаат можноста за надополнување на сметката преку интернет.


Плаќањето преку банкоматите на Стопанска Банка може да се изврши со платежните картички VISA и MasterCard издадени од Стопанска Банка АД - Скопје, без провизија и дополнителни трошоци. Услугата е достапна 24 часа на 109 банкомати на Стопанска Банка насекаде низ Македонија. Во исто време, на сите банкомати на Стопанска Банка, со внесување платежна картичка може во неколку чекори да се реализираат плаќања и да се направат други банкарски трансакции исто како на шалтер: плаќање рати за кредити и картички, трансфер на средства, преглед на мини месечни извештаи за картички и сл.
Овие иновативни услуги на Македонски Телеком АД - Скопје и T-Mobile, кои се реализираат во соработка со Стопанска банка, а се креирани согласно барањата на корисниците, овозможуваат брз, едноставен и сигурен начин за плаќање на сметките. При тоа, корисниците заштедуваат време и немаат никакви дополнителни трошоци.


Со почит, Македонски Телеком  АД, Т – Мобиле и Стопанска банка АД - Скопје