22.10.2013

 

Најава за периодичен прекин во телекомуникациските врски 

Почитувани, 

ве известуваме дека до Стопанска банка АД - Скопје стигна официјална најава за периодични прекини во телекомуникациските линии за среда 23.10 и недела 27.10.2013 во периодод 08:00 до 16:00 часот. Овие прекини можно е да ги опфатат дел од банкоматите, ПОС терминалите и Контакт центарот на Банката.

Очекуваме телеком операторот навремено да ги заврши предвидените зафати и да се воспостави овозможи целосна функционалност на нашите сервиси.

Се надеваме дека ќе наидеме на ваше разбирање.

 

Стопанска банка АД - Скопје

На ваша страна