ПРАВИЛА ЗА НАГРАДНА ИГРА „СО КАРТИЧКА ДО МИЛИОН“

 

Технички опис на наградната игра:


1.    Организатор: Стопанска банка АД – Скопје, со седиште на ул. 11 октомври, бр.7, 1000 Скопје
2.    Период на траење: 15.11.2011 до 15.02.2012
3.    Назив на наградната игра: Со картичка до милион!
4.    Учесници: сите корисници на VISA и MasterCard кредитни и дебитни платежни картички од Стопанска банка АД - Скопје со исклучок на VISA бизнис платежните картички. Учесници се само сопственици на кредитни и дебитни картички издадени од Стопанска банка АД - Скопје во Македонија без оглед на статусот на престојот во земјата.
5.    Правила и критериуми за учество: со секоја направена трансакција во трговската мрежа во земјата и светот или секоја безготовинска трансакција во мрежата на банкомати на Банката (во рамки на сервисот за АТМ плаќања) во износ од минимум 300 денари (5евра) клиентот добива право на едно учество во извлекувањето.


Дополнителни елементи и критериуми:


a.    Повлекувањето на готовина од шалтер или банкомат е трансакција која не зема учество во наградната игра
b.    Плаќањата преку електронска трговија во износ од минимум 300 денари (5евра) учествуваат како трансакции во наградната игра
c.    Надополнувањата на ваучери за мобилен телефон на некој од банкоматите на Стопанска банка АД – Скопје учествуваат како трансакции во наградната игра
d.    Плаќањата сметки или безготовински пренос на средства преку банкоматите на Стопанска банка АД – Скопје учествуваат како трансакции во наградната игра
e.    На денот на извлекувањето на наградите клиентот не смее да има неподмирен долг поврзан со картичката подолго од 30 дена.
f.    Еден клиент на Банката може да учествува во наградната игра со повеќе свои сметки поврзани со платежни картички. Со остварување на условот повеќе пати се остварува право на повеќе учества во извлекувањето. Бројот на учества не е ограничен.
g.    Во бројот и вредноста на трансакциите нема да бидат вклучени сторно трансакции пред 15.11.2011 год.
h.    Вработените на Стопанска банка АД - Скопје и членовите на потесните семејства немаат право на учество во наградната игра.

Награди изразени во денари:

Наградите од наградната игра се парични. Фондот на награди го обезбедува Стопанска банка.
Број на награди    Износ на единечна награда   
         1 (главна награда)      1,000,000денари   
         2     100,000денари       200,000денари
         5     50,000денари         250,000денари
        15    10,000денари         150,000денари
        20      5,000денари         100,000денари
Вкупен број на награди: 43    Вкупен награден фонд: 1.700.000денари

Исплатата на наградите ќе биде на тековна трансакциска сметка на добитникот (постоечка или нова) во Стопанска банка.
Персонален данок ќе биде исплатен за секоја награда согласно законот за персонален данок.

Дополнителни информации:
Потенцијалните добитници ќе бидат селектирани со помош на програмско/компјутерско решение согласно претходно поставените условите за учество. Извлекувањето ќе биде по случаен избор и повторно со помош на компјутерско решение.

Извлекувањето на добитниците  ќе се изведе најдоцна во рок од 10 дена по завршување на наградната игра во просториите на Банката (Стопанска банка АД - Скопје, 11 октомври 7, 1000 Скопје) во присуство на Нотар и претставници од Банката.
На извлекувањето ќе биде извлечен и резервен добитник само за главната награда. Доколку некои од добитниците на останатите награди не ги исполнуваат условите наградите нема да бидат исплатени или заменети.

Добитниците ќе бидат објавени во оглас во дневниот весник „Дневник“ најдоцна 3 дена по извлекувањето.

Исплатата на наградите ќе биде извршена најдоцна во рок од 60 дена по објавување на добитниците во медиуми.
Незадоволниот учесник има можност да поднесе приговор во рок 7 работни дена до Дирекцијата за Маркетинг и односи со јавност при Стопанска банка АД – Скопје, а Банката има обврска во рок од 5 работни дена да одговори по приговорот.

Наградната игра и нејзините правила ќе биде комуницирана до потенцијалните добитници преку:
•    Изработка на летоци и постери и нивна дистрибуција до филијалите на Банката и трговската мрежа која соработува со Банката
•    Изработка на вметоци за месечните извештаи на картичките кои Банката редовно ги испраќа до корисниците на кредитни картички
•    Веб страницата на Стопанска банка
•    Порака во месечните извештаи за картичките
•    Филијалите и експозитурите на Банката
•    Во медиумите преку активности за односи со јавноста
•    ТВ спот, радио, оглас во весници и други јавни медиуми