ПРАВИЛА НА НАГРАДНА ИГРА „Пролетни награди со i-bank услугите“

 

Технички опис на наградната игра:
1.    Организатор: Стопанска банка АД – Скопје, со седиште на ул. 11 октомври, бр.7, 1000 Скопје
2.    Период на траење: 10.04.2012 до 18.07.2012г
3.    Назив на наградната игра: Пролетни награди со i-bank услугите
4.    Наградната игра се приредува за рекламирање на i-bank услугите од Стопанска банка АД – Скопје, поточно се приредува за сите корисници на: e-banking сервисот за плаќање, phone banking сервисот за плаќање и плаќањата преку банкомат.
5.    Учесници: сите физички лица корисници на e-banking сервисот, phone banking сервисот и плаќањата преку банкомат од Стопанска банка АД – Скопје. Учесници се клиентите на Банката во Македонија без оглед на статусот на престојот во земјата.
6.    Правила и критериуми за учество: со секоја направена трансакција преку една од i-bank услугите – плаќање преку e-banking, плаќање преку phone banking или плаќање преку банкомат клиентот добива право на едно учество во едно од извлекувањата за една од наградите.

Дополнителни елементи и критериуми:
a.    Плаќањето на сметки на шалтерите на Банката како и останатите трансакции направени преку шалтерите нема да учествуваат во наградната игра
b.    Повлекувањето на готовина од шалтер или банкомат е трансакција која не зема учество во наградната игра
c.    На денот на извлекувањето на наградите клиентот не смее да има нефункционален кредит или нефункционална кредитна картичка во Банката.
d.    Еден клиент на Банката може да учествува во наградната игра преку повеќе канали за плаќање и сметки. Со остварување на условот повеќе пати се остварува право на повеќе учества во едно извлекување. Бројот на учества не е ограничен.
e.    Вработените на Стопанска банка АД – Скопје и членовите на потесните семејства немаат право на учество во наградната игра.
f.    Наградната игра ќе се спроведува на целата територија на Република Македонија и важи за сите полнолетни физички лица клиенти на Стопанска банка АД – Скопје кои ги исполнуваат условите.
 

7.    Награди:

Фондот на награди го обезбедува Стопанска банка.
Број на награди    Назив    Износ на единична награда    Вкупен износ на награди
         1 х 10    Таблет компјутер   
         1 х 10      Фото апарат   
         1 х 10      Викенд во Аурора   
       10 х 10    USB мемориски стик        
Вкупен број на награди: 130       
       
•    Секое извлекување ќе се доделуваат по еден таблет компјутер, еден фото апарат, еден викенд во Аурора и 10 USB мемориски стикови.

Дополнителни информации:
Потенцијалните добитници ќе бидат селектирани со помош на програмско/компјутерско решение согласно претходно поставените условите за учество. Извлекувањето ќе биде по случаен избор и повторно со помош на компјутерско решение.

Извлекувањата ќе се однесуваат на трансакции направени согласно условите наведени во точка 6 од овие Правила во следните периоди:

1.    10.04.2012 – 19.04.2012 (извлекувањето ќе се изврши во рок од 3 работни дена од крајот на периодот)
2.    20.04.2012 – 29.04.2012 (извлекувањето ќе се изврши во рок од 3 работни дена од крајот на периодот)
3.    30.04.2012 – 09.05.2012 (извлекувањето ќе се изврши во рок од 3 работни дена од крајот на периодот)
4.    10.05.2012 – 19.05.2012 (извлекувањето ќе се изврши во рок од 3 работни дена од крајот на периодот)
5.    20.05.2012 – 29.05.2012 (извлекувањето ќе се изврши во рок од 3 работни дена од крајот на периодот)
6.    30.05.2012 – 08.06.2012 (извлекувањето ќе се изврши во рок од 3 работни дена од крајот на периодот)
7.    09.06.2012 – 18.06.2012 (извлекувањето ќе се изврши во рок од 3 работни дена од крајот на периодот)
8.    19.06.2012 – 28.06.2012 (извлекувањето ќе се изврши во рок од 3 работни дена од крајот на периодот)
9.    29.06.2012 – 08.07.2012 (извлекувањето ќе се изврши во рок од 3 работни дена од крајот на периодот)
10.    09.07.2012 – 18.07.2012 (извлекувањето ќе се изврши во рок од 3 работни дена од крајот на периодот)

Сите извлекувања ќе се вршат во 12 часот на денот на извлекувањето во просториите на Банката (Стопанска банка АД - Скопје, 11 октомври 7, 1000 Скопје) во присуство на Нотар и претставници од Банката.

Доколку некои од извлечените добитници не ги исполнуваат деталните услови наградите нема да бидат исплатени или заменети.

Само плаќањата извршени во еден од горе наведените периоди влегуваат во извлекувањето кое ќе изврши конкретно за тоа извлекување. Пример: доколку трансакцијата со еден од алтернативните канали е извршено на 20.04.2012, тогаш е потенцијална за вториот круг на извлекување кое ќе се изврши три дена по крајот на тој циклус од 10 дена.
Добитниците од извлекувањата, не се исклучени од наградување во следните извлекувања, доколку продолжат со користење и правење на трансакции со еден од алтернативните канали на Стопанска банка: phone banking, e-banking или плаќања на банкомати на СБ.


Добитниците ќе бидат објавувани во оглас во дневниот весник „Дневник“ најдоцна 3 работни дена по спроведувањето на секое извлекување и на веб страницата на Банката.


Врачувањето на наградите ќе биде извршено најдоцна во рок од 60 дена по објавување на добитниците во дневниот весник Дневник, во централата на Банката на 11 октомври бр. 7, во канцеларијата на Дирекцијата за Маркетинг и односи со јавност. Добитниците ќе потпишат потврда дека во своето најблиско семејство немаат вработен во Банката.
Незадоволниот учесник има можност да поднесе приговор во рок од 7 работни дена од крајот на секој награден период наведен во точка 7, став 3 до Дирекцијата за Маркетинг и односи со јавност при Стопанска банка АД – Скопје, а Банката има обврска во рок од 5 работни дена по приемот на приговорот да одговори по истиот.

Наградната игра и нејзините правила ќе биде достапна до потенцијалните добитници преку:

•    Летоци и постери и нивна дистрибуција до филијалите на Банката и трговската мрежа која соработува со Банката
•    Веб страницата на Стопанска банка
•    Порака и/или инсертер во месечните извештаи за картичките
•    Филијалите и експозитурите на Банката
•    Во медиумите преку активности за односи со јавноста
•    Радио, веб оглас и др. Медиуми
•    Правилата за наградната игра ќе бидат објавени на веб страната на Банката пред почетокот на наградната игра.