17.03.2014

 

ПОТРОШУВАЧКИ КРЕДИТ со промотивна понуда од 15.03. – 15.06.2014

 

Потрошувачките кредити како најатрактивна категорија на кредити за население се постојано во фокусот на работењето на Стопанска банка. Затоа, понудата на потрошувачки кредити расте и се прилагодува на потребите на сите наши клиенти – со атрактивни рокови на отплата до 10 години, износи до 10.000евра без обезбедување, можност за користење на денарски или кредит со девизна клаузула и секако нашата најголема предност можноста кредитот да се исплати за само 30минути од поднесување на комплетното барање во филијалите на Банката.

 
Промотивната понуда која почнува од 15.03.2014 и ќе трае за сите поднесени барања до 15.06.2014 година за корисниците ќе обезбеди 6.5% гарантирана годишна каматна стапка за првата година и 100%попуст на административните трошоци.

 По истекот на промотивниот период во примена ќе биде променливата годишна каматна стапка која за кредитите со девизна клаузула во моментов изнесува 8%.


Секако, и понатаму, најголеми поволности користат клиентите кои платата ја примаат преку Стопанска банка изразени преку трајно намалени каматни стапки, но и скратена процедура и потребни документи.
Потрошувачкиот кредит е ненаменски и клиентите може да го користат за исполнување на сите свои желби.


Стопанска банка АД – Скопје

На ваша страна