Подесување на вашиот персонален компјутер за користење на сервисот за е-banking плаќања

 

Упатството за подесување можете да го download-ирате во pdf на овој линк.

 

Бидејќи сервисот за e-banking плаќања на Стопанска банка е изработен за Windows платформа можете да пристапите од кој било Windows компјутер до сервисот. Исто така, во моментов сервисот за плаќање функционира исклучива преку Internet Explorer пребарувач. За да реализирате плаќања потребно е да го направите подесувањето кое е илустрирано подолу:

 

На Internet Explorer-от изберете од главното мени Tools/Internet options/Security се појавува слика 1


Се кликнува на иконата Trusted sites па на опцијата Custom Level , по што се појавуваа слика 2


Потребно е сите опции на ActiveX controls and plug-ins да се означат да бидат Enable или Prompt (во зависност од пораката, доколку Ви даде not security означете со Prompt) Откако ќе го сторите тоа кликнете на копчето ОК.
 

 

Потоа кликнете на копчето Sites слика 3  


Се појавува слика 4   


Се внесува https://ebank.stb.com.mk и се кликнува на копчето Add.

 
После тоа се кликнува на копчето ОК или Close. Системот ве враќа на претходниот екран (Слика 3) каде треба да кликнете на копчето Apply па на копчето ОК, за да се запаметат промените во подесувањата на Explorer-от. 

 
Со тоа сте завршиле со подесувањата и се одјавувате од Internet Explorer односно ги исклучувате сите негови отворени прозорци и повторно го стартувате по што можете да пристапите кон реализирање на плаќања.