16.07.2012

 

Почетокот на летните активности 2012 оваа година во Струга

 

Со целодневни активности за освежување, игри и забава на Aquarius beach во Струга започнаа летните активности 2012 кои Банката традиционално ги организира секое лето со цел да им понуди прибежиште на своите клиенти од летните температури. На 13.07 во Aquarius beach Стопанска банка на заинтересираните граѓани и гости им подари лежалки, освежување, можност да добијат интересни награди и да се натпреваруваат во спортски активности.

Летните активности продолжуваат наскоро во Скопје и Охрид со вистинска летна семејна забава.

 

Стопанска банка АД - Скопје

На ваша страна