14.09.2011 Скопје

 

ПЛАЌАЊЕ НА  ВИП ПОСТПЕИД СМЕТКИ НА БАНКОМАТИТЕ НА СТОПАНСКА БАНКА

 

Почитувани,

Стопанска банка АД – Скопје во соработка со Вип оператор на своите заеднички клиенти им нудат нова, едноставна и безбедна услуга која е достапна 24 часа. Имено, отсега постпејд корисниците на Вип оператор можат своите месечни фактури да ги плаќаат на сите банкомати на Стопанска банка - едноставно, без провизии и без дополнителни трошоци.
Во само неколку чекори, користејќи која било платежна картичка издадена од Стопанска банка клиентите можат на еден од 111те банкомати да реализираат плаќање на издадена сметка од Вип оператор. Се што треба клиентот да знае е бројот на сметката (фактурата) по што се реализира плаќањето и банкоматот продуцира слип - потврда за успешна трансакција. На овој начин клиентите на Вип оператор добиваат уште 100тина нови платежни локации достапни 24 часа.

Двете компании веќе успешно реализираа проект со тоа што од 2009та година, можноста за надополнување на ваучер за припејд сметката на Вип оператор е достапна и на банкоматите на Стопанска банка.

Под i-bank брендот Стопанска банка АД – Скопје веќе воведе бројни алтернативни канали за користење на банкарските услуги. Се разбира, партнерството со водечките компании во Македонија овозможува што поголем број на клиенти да ги користат привилегиите на современата технологија.

Стопанска банка АД – Скопје го има најголемото семејство од околу 300.000 клиенти корисници на платежни картички кои можат да ги користат i-bank услугите достапни на банкоматите.

Вип оператор останува доследен  на својата определба за што поголема достапност на производите и проширување на соработката со своите корисници, секогаш отворајќи нови можности кои ја олеснуваат комуникацијата на корисниците. Вип оператор има над 500.000 корисници, 17 сопствени продажни места, над 80 партнерски продавници и околу 650 продажни места. Воведувањето на овој начин на плаќање на сметките преку банкоматите на Стопанска банка, е уште едно допонување на можностите за електорнско плаќање, како што е плаќањето на сметки преку веб страницата на Вип оператор. 

Стопанска банка АД – Скопје
На ваша страна

Вип оператор
Повеќе за вас