15.03.2013

Соопштение за одбележување на Денот на потрошувачите



По повод одбележувањето на Денот на потрошувачите, 15 март, а со цел подигнување на јавната свест за заштита на личните податоци на потрошувачите во банкарскиот сектор и друштвата за наплата на долгови, Дирекцијата за заштита на личните податоци, Организацијата на потрошувачите на Македонија, Народната банка на Република Македонија, EOS Matrix DOO, Кредитекспрес Македонија ДООЕЛ, Мелон Солушнс ДООЕЛ, Халкбанк АД Скопје, ТТК Банка АД Скопје, Алфа Банка АД Скопје, Поштенска Банка АД Скопје, Стопанска Банка АД Скопје, НЛБ Тутунска Банка АД Скопје, Стопанска Банка АД Битола, Еутостандард Банка АД Скопје, Шпаркасе Банка АД Скопје, заеднички организират Отворени денови – заштита на личните податоци на потрошувачите под мотото “Вашата приватност е сигурна со нас!”
Отворените денови ќе се одржат на 15 март во Скопје (Градски Трговски Центар), 19 март во Битола (Градски Плоштад), 21 март во Кавадарци (Градски Плоштад) и 26 март во Тетово (Градски Плоштад) , 28 март Охрид (Градски Плоштад), 30 март Струмица (ТЦ Глобал) од 12:00 – 15:00 часот.
На Отворените денови граѓаните ќе имаат можност да се информираат за своето право на заштита на личните податоци во банкарскиот сектор, да добијат одговори на најчесто поставуваните прашања поврзани со собирањето и обработката на личните податоци, директниот маркетинг но и да ги постават директни прашања до Дирекцијата за заштита на личните податоци, банките и друштвата за наплата на долгови.
Првиот Отворен ден ќе се одржи денес, 15.03.2013 година, во период 12 – 15 часот во  Градскиот трговски центар во Скопје.
Директорот на Дирекцијата за заштита на личните податоци и претставници од партнерите кои ја дадоа поддршката на овој проект  ќе бидат достапни за изјава во 12:30 часот.

За подетални информации за самиот настан, може да се информирате тука.