17.06.2015

 

Отварање на филијала Прилеп

 

Почитувани,

Стопанска банка АД - Скопје на ден 16/06/2015, вторник, ја отвори најголемата, современа и модерна филијала во Прилеп, во центарот на градот. На свеченото отворање присуствуваа сите членови на Управниот Одбор на Банката, Градоначалникот, клиенти на банката, како и други еминентни гости. На отварањето се обратија Директорот на филијалата г-ѓа Катерина Небрежанец како и регионалниот Директор г-динот Стевчо Димески и изјавија како и досега така и понатаму, филијалата ќе продолжи да нуди услуги со највисок квалитет. Отварањето беше проследено со огномет и со коктел за присустните гости на Банката.

 

Стопанска банка АД - Скопје

На ваша страна