13.07.2016

 

Стопанска банка АД - Скопје, главен спонзор на 56то Охридско лето

 

Традиционално секоја година, Стопанска банка АД - Скопје е главен спонзор на фестивалот Охридско лето. Оваа културна манифестација ќе трае во периодот од 12.07.2016 до 20.08.2015 во кој период се предвидени 40 фестивалски денови, со богата и квалитетна програма исполнета со музика, драма, танц и опера. Оваа година, моќниот глас на Елина Гаранча го означи официјалниот почеток на Охридско лето 2016 и возбудливите 40 фестивалски дена кои претстојат.

 

Со традиционалната поддршка на настанот, Стопанска банка останува ‪#‎НаСтранаНаКултурата‬

 

Поради тоа, Банката ги повикува граѓаните и клиентите да го посетат фестивалот Охридско лето кој и оваа година нуди богата и разновидна програма.

 

Стопанска банка АД – Скопје

На ваша страна

 

Програмата за фестивалот Охридско лето 2016 може да ја погледнете тука.