13.07.2015

 

Стопанска банка АД - Скопје спонзор на јубилејното 55то Охридско лето


Традиционално и оваа година, Стопанска банка АД - Скопје е спонзор на фестивалот Охридско лето, кое по јубилеен 55-ти пат се одржува во нашата земјаНајголемата летна културна манифестација ќе трае во периодот од 12.07.2015 до 20.08.2015 во кој период се предвидени 40 фестивалски денови, со богата и квалитетна програма исполнета со музика, драма, танц и опера.  Се очекуваат повеќе од 840 уметници од Шпанија, Италија, Србија, Хрватска, САД, Аргентина, итн. Годинешното издание свечено го отвори сценската кантана „Кармина Бурана“ на 12.07.2015 (недела) во Античкиот театар во Охрид.

Стопанска банка АД Скопје уште еднаш ја потврдува улогата на покровител на настани кои го збогатуваат културниот живот и придонесуваат кон афирмирање на културата и уметноста во државата. Поради тоа, Банката ги повикува граѓаните и клиентите да го посетат фестивалот Охридско лето кој и оваа година нуди богата и разновидна програма.

 

Стопанска банка АД – Скопје

На ваша страна

 

Програмата за фестивалот Охридско лето 2015 може да ја погледнете тука.