12.07.2012

 

Стопанска банка АД - Скопје спонзор на „Охридско лето 2012“

 

Почитувани,

Стопанска банка АД - Скопје и оваа година традиционално е спонзор на најголемата, летна, културна манифестација „Охридско лето 2012“. Во својата богата историја, Стопанска банка АД - Скопје во континуитет нуди поддршка на настани кои го збогатуваат културниот живот и придонесуваат кон афирмирање на културата и уметноста во државата. Оваа година, свеченото отворање на Охридско лето е на 12 јули 2012 година со претставата „ Ромео и Јулија“ која е театарски ораториум кој ќе ги обедини музичко-сценските уметности - театар, опера, балет, музика и сл.
Ги повикуваме граѓаните и клиентите на Банката да го посетат фестивалот Охридско лето кој и во 2012 година нуди богата и разновидна програма.

Стопанска банка АД - Скопје
На ваша страна