31.12.2015

Официјална промоција на новата верзија на мобилната апликација m-banking

 

Веќе традиционално, со крајот на годината, Стопанска банка АД – Скопје ги чести своите клиенти со новитети и иновации. 2015та година ја затвораме со нова верзија на мобилната апликација m-banking со значителни подобрувања на дизајнот, прегледноста, но и нови функционалности.


Во просториите на Банката, поточно во i-bank store на 30.12.2015 се одржа и невообичаена официјална презентација на новата апликација со тематика Star Wars. Имено, Star Wars серијалот со децении веќе е инспирација за бројни технолошки иновации па неговата актуелност во периoдoв ни беше дополнителна инспирација за презентацијата. Комплетно новиот дизајн и бројните унапредувања и новитети беа дел од презентираните точки за m-banking мобилната апликација која претставува супериорна апликација на македонскиот пазар и предизвик за локалната банкарска, па и IT индустрија во иднина.

Најновата верзија од апликацијата е веќе достапна бесплатно на Google Play, а во следните денови најновата верзија ќе биде достапна и за iOS и Windows mobile уредите.

Дополнително, Банката подготви изненадувања, награди и интересни содржини како за ентузијастите на Star Wars серијалот така и за останатите посетители кои присуствуваа на презентацијата и сакаат да научат нешто повеќе за најновата верзија за мобилната апликација.

Фото галерија од настанот можете да најдете на нашиот Facebook профил „На ваша страна“

 

Среќни празници!
Стопанска банка АД - Скопје

На ваша страна