01.02.2011Нова веб страница на Стопанска банка АД – Скопје

 

Почитувани,

Стопанска банка АД – Скопје, следејќи ги модерните текови особено во дигиталниот свет подготви за сите свои клиенти нова веб страница. Страницата е изработена со најсовремената технологија за развој и одржување на интернет содржини и ќе им овозможи на клиентите полесен и побрз пристап до информации, ќе служи како канал за поддршка на продажбата и директна врска со Банката 24 часа на ден.

Од активирањето на страницата на 31.01.2011 Банката работи да воспостави непрекината функционалност на сите содржини па се надеваме дека ќе наидеме на разбирање и трпение додека овој процес не заврши. Во меѓувреме на располагање ги имате 24 часовниот контакт центар (02) 3100 109, нашата широка мрежа на филијали и Банкомати.


Стопанска банка АД – Скопје

На ваша страна