16.03.2012

 

Нова услуга во e-banking сервисот - девизни плаќања за правни и физички лица

 

Стопанска банка АД - Скопје следејќи ги потребите на клиентите и барањата за нови услуги во сервисот за електронско банкарство воведе нова можност за ДЕВИЗНИ ПЛАЌАЊА во странство за физички и правни лица.

 

Солгасно процедурата, сите клиенти кои сакаат да им биде овозможено девизното плаќање, потребно е да пополнат нови договори за користење на услугата e-banking и истите да ги достават во најблиската филијала на Банката. Потребната документација можете да ја најдете на следниот линк.


Чекорите за реализација на девизни плаќања се детално објаснети во e-banking сервисот додека за дополнителни информации на располагање го имате 24 часа контакт центарот (02) 3100 109 или вработените во една од филијалите на Банката.


Новата услуга девизни плаќања е резултат на стратешката определба на Банката постојано да инвестира време, ресурси и средства во развојот на алтернативните канали со кои клиентите добиваат можност за 24 часовна комуникација со Банката како и максимална слобода да избираат кога, каде и како ќе ги користат банкарските услуги (преку интернет, телефон или банкомат). Тимот на Банката продолжува и понатаму со развојот и подобрувањето на услугите достапни преку e-banking сервисот, но и останатите i-bank алтернативни канали.

 

 

Стопанска банка АД - Скопје

На ваша страна