02.12.2013

Соопштение за јавност

 

Почитувани,

Стопанска банка АД – Скопје денес повторно ја отвори експозитурата Битола 2 на ул. Васко Карангелевски во просториите на Новиот пазар.

На задоволство на клиентите кои апелираа до Банката експозитурата им е повторно на располагање на компаниите и граѓаните од Битола кои гравитираат во тој дел од Градот.

Повторното отворање на експозитурата како и поставувањето на 2 нови банкомати оваа година – во зградата на Борово и спроти Клиничкиот центар Др. Трифун Пановски се потврда за посветеноста на Стопанска банка кон своите долгогодишни клиенти и партнери од Битола. Со тоа во моментов на располагање се 5 банкомати.

Ги покануваме клиентите да ги користат услугите на експозитурата, филијалата во центарот на Градот и секако Бизнис центарот и да продолжат да ни даваат насоки и информации како уште повеќе да ја подобриме нашата услуга и соработка.

Стопанска банка АД – Скопје
На ваша страна